Училишната зграда се наоѓа на ул „Ѓорѓи Трајков“ бб, а е изградена 1991 година, како замена за старата училишна зграда која се наоѓаше во централното подрачје на градот.

   Основното музичко училиште е од посебен општествен интерес.

   Училиштето го посетуваат ученици не само од нашата општина, туку и од соседните општини и подалеку (Валандово).

   Кај нас учениците се стекнуваат со основно музичко образование паралелно со основното задолжително образование, за професионално ориентирање и стекнување општа музичка култура.

   Работата на Музичкото училиште носи во себе, ако е добро насочена, големи можности за влијание па и преобразба на средината. Иако основната задача на музичкото училиште е музичкото образование на младите, подготвување и оспособување на идни композитори, музички уметници, педагози, критичари и музички писатели, што значи работа на професионален музички кадар без кој нема развиток на врвната музичка култура, сепак, пошироко гледано, општественото и културно влијание на музичкото училиште е, исто така, негова мошне важна и одговорна задача.

   Развивањето љубов кон музиката преку јавни настапи на своите ученици и наставници, музичкото училиште мора да настојува за остварување на културна клима, во својата локална средина, која би донела поголемо познавање и разбирање на музичката уметност, што несомнено е чекор напред во растежот на духовната надградба, која на човекот му е неопходна потреба.